10 кратки вицови за весел старт на работната недела

– Госпоѓо, толку сте стројна. На диета ли сте?
– Не, на македонска плата.

– – – – – – –

– Мила, па ти навистина многу си личела на татко ти… очите, образите, па дури и ци*ките!
– Татко ми нема ци*ки бе, идиот!
– Е, така де.

– – – – – – –

Во светот има толку туѓи нерви, зошто да ги кинете своите?

– – – – – – –

– Драга, мислиш ли на мене?
– Не, јас мислам место тебе.

– – – – – – –

Колку и скапа козметика да користите, мажите пак ќе прво ќе ве гледаат во з*дникот!

– – – – – – –

С*кс веќе секоја знае да прави… малку се тие коишто ќе ти направат зелник!

– – – – – – –

Размена на мислења е да отидеш кај жена ти со свое мислење и да се вратиш со нејзиното.

– – – – – – –

Британските научници во најновата научна студија утврдија дека кога си ги миеш нозете, автоматски си ги миеш и рацете.

– – – – – – –

Си седи човек надвор во кафич, пуши и си прави крукчиња од чад. Поминува еден Индијанец и му вели:
– Бледолики, пази што зборуваш!

– – – – – – –

Според статистиката, секој трет жител на планетата страда од некакво психичко растројство. Помислете си сега на вашите двајца најдобри пријатели. Ако се ОК, значи вие сте…