10 кратки вицови за весел старт на работната недела

Повик до сите Македонци! Да си ја зачуваме традицијата и како и се која година, така и оваа, да се вклучиме во најуспешната акција во Македонија „Три дена без алкохол“. Акцијата ќе се одржи на 29, 30 и 31 февруари!

– – – – – – –

Жената чисти низ дома и му вели на мажот кој се оптегнал на каучот и цел ден лежи:
– Една работа не ми е јасна. Од сите сперматозоиди, како баш ти излезе најбрзиот?!

– – – – – – –

Пропушив на 12 години, тогаш крадев од цигарите на татко ми. Осетил тој, и ѝ рекол на мајка ми таа да ми објасни, затоа што тој можел да ме навреди и да ги повреди моите чувства. Добро го паметам тој ден, кога мајка ми влезе во мојата соба и ме претепа со кафеавата влечка од „Чик“ Куманово.

– – – – – – –

Мајката го кара детето:
– Ти си вистинско прасе, гледај се на што личиш! Знаеш што е прасе нели?
– Да мамо – синот на свињата.

– – – – – – –

Му реков на внучето (4 години) да не го лапа прстот, затоа што ќе се здебели.
Денес во супермаркет виде една бремена жена и ѝ вели:
– Знам што си лапала па си се здебелила!

– – – – – – –

Толку сум стар што ги памтам турбо фолк пејачките со оригиналните носови!

– – – – – – –

Лајфхак:
– Колку поретко чистиш, толку повидливи се резултатите!

– – – – – – –

Денес станав во 6 ч. Исправ, исчистив, направив зелник за доручек…
Мажот ми се буди во 9 часот, ме гледа и ме прашува:
– Што се случува, да не ти го блокирале Фејсбук профилот?

– – – – – – –

Кога ќе ми текне на 14.02. колку лаги ќе се кажат… 1 април онакво нека јаде!

– – – – – – –

Никогаш не се обвинувај себе си, за нешто за кое што можеш да обвиниш некој друг!
– Македонска поговорка