10 кратки вицови за весел старт на работната недела

– Жено, алал да ти е, тиквичките со оцет се многу вкусни!
– Не се со оцет, од вторник се.

– – – – – –

ЉУБОВ е кога ги редите дрвата, па двајцата ќе фатите една иста цепеница, па ќе се погледнете во очи, па ти ќе ѝ ја оставиш таа да ја нареди!!!

– – – – – –

– Веќе никогаш нема да ја пуштам жена ми зад воланот.
– Зошто?
– Вчера така возеше што Гугл Мапс наместо патот почна да ја кажува „Оче наш“.

– – – – – –

Еднаш Чак Норис убил 37 терористи со 2 истрели… Првиот бил предупредувачки…

– – – – – –

– Мажот ми замина на печалба во странство пред две години и сега ме вика да отидам со двете деца…
– Па што чекаш? Оди!
– Да одам, ама децата станаа четири…

– – – – – –

Бабата сфати дека компотот ѝ скиснал, кога дедото ја праша:
– Кукло, имаш ли некакви планови за вечер?

– – – – – –

А вашите баби знаат ли дека ги фрлате празните кутии од сладолед?

– – – – – –

Досадно ми е деновиве, не е многу за шетање… Се мислам дали да фрлам едни бикини на терасата на комшиите?

– – – – – –

– Драги, чај, кафе, да потанцуваме? Или прво, ракија па да си легнеме?
– Еј, каква жена си мори?! Сѐ ќе направиш, само и само да не готвиш!

– – – – – –

Форум за програмери:
– Како да сканирам документ, дома сум, немам скенер, а не ми се излегува?
– Стави го документот на прозорецот, влези во Google Earth, зумирај до прозорецот и направи скриншот…