10 кратки вицови за весел старт на работната недела

Капетанот на еден од бродовите заглавени на Суецкиот канал бил Македонец и само тој успеал да помине со финтата „Јас само да прашам нешто“.

– – – – – –

Кога некој ќе се удри по прстите со чекан, секогаш зборува на својот мајчин јазик.

– – – – – –

– Зоки, зошто немаш домашно?!
– Учителке, дома ми е пекол. Моите родители по цел ден се карат.
– Мајка ти ја знам, а кој ти е татко?
– Е баш за тоа се караат учителке…

– – – – – –

– Тато, јас среќлија ли сум?
– Среќлија си, сине. Тебе, ништо не може да те запре во животот – ни презерватив, ни абортус…

– – – – – –

При одгледувањето на дете, најтешко е да му го истрпиш другиот родител првите 50 години. Потоа доаѓа склерозата…

– – – – – –

Проучувањата на општественото мислење во Македонија, секогаш покажуваат дека не ги прашале тие кои што треба!

– – – – – –

Детето го прашува татко си:
– Тато, а како си зборуваат змиите?
Тој, погледнувајќи злобно кон жена си и нејзината мајка, им вели:
– Молчите, а? Детето се интересира…

– – – – – –

Не е срамота да си побараш, срамота е да ти дадат и да не можеш.

– – – – – –

Најдов 500 денари на улица и како добар христијанин се запрашав: „Како би постапил Бог?“ Ги претворив во вино…