10 кратки вицови за весел старт на работната недела

Љубовта боли, но уште повеќе боли кога гирото ќе ти падне на земјата.

– – – – – – –

– Господине, зборувате на чуден акцент, од каде доаѓате?
– Од кафаната.

– – – – – – –

Најстрашната безработица е кога не ти работи… главата.

– – – – – – –

Во пивото се крие силата, во виното – мудроста, а во водата – бактериите. Јас одбрав да бидам силен и мудар!

– – – – – – –

– Јас немам намера да скокам банџи.
– Зошто бе брат?
– Спомнав еднаш пред татко ми, дека сакам да пробам, а тој ми вели: „Подобро немој. Се појави на овој свет како резултат на скината гума. Ќе биде многу тажно да си заминеш на истиот начин!“

– – – – – – –

Синот ми им 18 и кога ќе дојде кај мене и ќе ми рече:
– Eј, здраво тато. Како си? Се ли е во ред? Како оди работата?
Мојот одговор е:
– Колку ти требаат?

– – – – – – –

Двајца добри пријатели одат по улицата и наеднаш едниот запира стаписан и тивко вели:
– Лелеее, жена ми и љубовницата доаѓаат наваму! Заедно!
Другиоит го погледнува исто така стаписан и вели:
– Таман јас сакав да го кажам истото, ти ми го зеде зборот!

– – – – – – –

– Што најмногу мразиш да прави жена ти в кравет?
– Да ‘рчи.
– Не бе, за време на с*кс.
– Особено за време на с*кс.

– – – – – – –

Како мал бев дете за пример.
Сите родители им велеа на своите деца:
– Го гледате ли Зоки?! Гледајте го добро каков е и што прави и никогаш не правете како него!

– – – – – – –

– На последниот лов застрелав три гуски!
– Диви гуски?!
– Гуските не беа диви, но нивниот сопственик беше.