10 кратки вицови за весел старт на работната недела

– Со колку мажи си одела?
– Само со тебе, другите имаа коли!

– – – – – – –

Прашале еден искусен ловџија:
– Може ли да се спасиме од мечка ако носиме запален факел?
Тој одговорил:
– Зависи со која брзина го носите…

– – – – – – –

Што е тоа доживотна казна?
– Да се викаш Рајна и да имаш говорна мана, да не можеш да кажеш “Р”!

– – – – – – –

Пред пријатели:
– Жената е категорично против да излегувам со вас! Така што другари, јас се извинувам, ама јас никогаш повеќе нема да се сликам со вас!

– – – – – – –

Има два типа на жени. Едните готват и прават торти. А другите излегуваат од нив.

– – – – – – –

Перо од третиот кат:
– Таман се симнав во подрумот да си турам една антивирусна и чумата ма фати.

– – – – – – –

Докторот ми препиша редовен с*кс, ама аптекарката не сака да ми даде тоа што пишува на рецептата.

– – – – – – –

Двајца трактористи ручаат на полето за време на напорна работа. Едниот чита од весникот што си го послале за да ја оставаат храната.
– Гледај што пишува тука! За 25 години полов живот, женското такво се проширува само за една десетилјадинка од милиметарот.
Другиот:
– Ееех, да имавме такви лагери за тракторот.

– – – – – – –

На машките риби им е најтешко. Никогаш не знаат дали жена им е молчелива или се налутила за нешто!

– – – – – – –

– Бесна сум! – ѝ се жали жена на својата пријателка. – Веднаш по свадбата, Перо престана да ми обрнува внимание. Поминаа веќе два месеци и ништо!
– Па разведи се тогаш.
– Да се разведам? Зошто? Со мажот ми Зоки супер се разбираме!