10 кратки вицови за весел старт на викендот
Денес е страшно топло! Стари луѓе се сеќаваат дека последен пат вакви температури имало вчера…
– – – – – – –
Жената оди да го посети сопруготот во затвор:
– Како е тука?
– Како дома. Не ме пуштаат да излегувам никаде и храната не е добра…
– – – – – – –
Во животот најмногу се радуваш на првото дете, втората жена и третата ракија!
– – – – – – –
– Жено, колку време сме во брак и прв пат ми правиш толку убаво кафе!
– Абе, што си го земал мојот филџан!?
– – – – – – –
Тестамент:
– Ѝ оставам сè на комшивката која никогаш не ја болеше главата! На жената ѝ оставам… аналгин!
– – – – – – –
На село:
– Оооууу, Миме, дали стави филери, колку ти се зголемени усните!?
– Како па да не, ја згазнав мотиката!
– – – – – – –
Ако еден маж те носи на раце, те бакнува од глава до пети, те полива со шампањ, те покрива со рози, те засипува со накит… Разбуди се веднаш, ќе задоцниш за работа!
– – – – – – –
Жените по купачи разоткриваат 90% од телото, но бидејќи мажите се џентлмени, гледаат само во облечените делови.
– – – – – – –
– Бабо, дедо, седнете!
– Ама, ние сме мајка ти и татко ти!
– Знам, само ве подготвувам!
– – – – – – –
– Тато, кого роди ти… мене или бато?
– Мама ве роди и тебе и бато.
– Тогаш зошто си ти родител?
Коментирај анонимно