10 кратки вицови за весел завршеток на работната недела

Од антикорупциска комисија повикуваат еден македонски политичар на распит.
– Како ќе го објасните ова? Зошто во имотниот лист не сте пријавиле 3 стана, луксузна вила, скап автомобил и јахта?
– Од скромност!

– – – – – – –

– Мажу, ослабев 3 кила!
– Жено, тоа ти е исто како на камион со две приколки да му падне регистрацијата…

– – – – – – –

Утрото е помудро од вечерта. Затоа наутро не ни се оди на работа…

– – – – – – –

Џејмс Бонд во Охрид:
– Кафе, долго кафе!
– Четириесет денари, сто и четириесет денари.

– – – – – – –

Тоа што не те убива, те прави постар.

– – – – – – –

– Доста ми велиш подлабоко! Јас ти велам ли потесно?

– – – – – – –

Мене само уште метеор не ме удрил, инаку животот оди добро…

– – – – – – –

Семејна кавга:
– Пак си се направил како свиња!!! Воопшто не ми е јасно, како е можно да се опиваш секој ден???
– Јас тебе колку пати треба да ти кажам да не збориш за нешта кои не ти се јасни!!!

– – – – – – –

Зоки ненадејно ја отвори вратата од канцеларијата без да тропне и до девето одделение имаше само петки по физичко и англиски.

– – – – – – –

На овој студ осознаваш дека ништо не го зацврстува карактерот така како еден полски клозет на дворот.