10 кратки вицови за весел завршеток на работната недела
Мачките, за разлика од некои луѓе, си ги лижат само своите задници.
– – – – – – –
– Докторе, ми падна една кутија на главата.
– Што имаше во неа?
– Ништо!
– А во кутијата?
– – – – – – –
Прашање:
– Зошто кога ќе ѝ кажеш на жена дека ти се допаѓа, таа го спушта погледот надолу?
Одговор:
– Проверува дали зборуваш искрено!
– – – – – – –
– Жено, денес е меѓународниот ден на орг*змот!
– Така ли. Баш штета што се падна среде меѓународната недела на главоболката.
– – – – – – –
– Знаеш ли дека Иван доби на лото 500 илјади евра! И тоа само една недела по свадбата!
– Кутриот! Никогаш немал среќа во животот…
– – – – – – –
– Барам патики за девојче. Трето одделение е.
– А малку попрецизно?
– Трето А…
– – – – – – –
Сопруг е човек, кој што ѝ помага на жена си во тешки ситуации, во коишто таа не би западнала, ако не го зела за сопруг.
– – – – – – –
Има луѓе со вкус, а има луѓе и со… мирис.
– – – – – – –
Во кафич:
– Дечко не досадувај, тргни се! Кој си ти?
– Јас сум мажот од твоите еротски фантазии.
– Да, бе! А каде се останатите?
– – – – – – –
– Жено, бирај! Да имаме с*кс или да одиме на море?
– Подобро с*кс! На море одиме секоја година.