10 кратки вицови за весел завршеток на работната недела

– Зоки, што трчаш како улав од соба во соба бе?
– Доста бе тато, имам физичко онлајн…

– – – – – –

– Зошто Куба нема национална репрезентација по пливање?
– Сите добри пливачи веќе одамна им се во САД.

– – – – – –

Едно време мажите се женеле заради домашно зготвената храна и редовниот с*кс. Сега за што го прават, немам идеја!?

– – – – – –

На почетокот на пандемијата решив дека ќе ја искористам 2020 да ослабнам 5 кг, за да стигнам до 60. Дојде декември а ми останаа уште 12 кг.

– – – – – –

– Ало, полиција?
– Да, кажете!
– Мажот ми отиде пред 3 дена да купи ориз и уште го нема, што да правам?
– Згответе нешто друго!

– – – – – –

Сношти ја легнувам в кревет мојата 5-годишна ќерка и ја бакнувам за добра ноќ. Таа ме прашува:
– Тато, јас кога ќе заспијам вечер, вие со мама ќе имате с*кс, нели?
И без око да ми трепне, ја излажав:
– Да, ќерко. Ајде спиј си сега, зошто треба да почнуваме!

– – – – – –

– Чај или кафе?
– Нешто потврдо немаш ли?
– Ореви…

– – – – – –

– Тато, што е разликата меѓу принцеза и вештерка?
– Една година… семеен живот, сине.

– – – – – –

– Комшивке, може ли да ми направиш едно кафе, зошто моето се потрошило?
– Може, но да не си помислил да пушиш во спалната!

– – – – – –

Само што почна декември, а веќе со нетрпение ја очекувам новата американска романтична комедија, во која еманципирана бизнис дама се враќа од Њујорк во своето родно гратче за Божиќ. Се вљубува во локалниот дрвар и решава да си го промени животот!