10 кратки вицови за весели Божиќни празници
До празниците се облекуваме како што сакаме, а по нив, како што можеме…
– – – – – – –
– Ќе се разведам од тебе, само пиеш, нон-стоп си пијан!
– Разведи се, луѓето ќе речат: „Ја гледате ли онаа? Дури и Јоцо пијаницата ја остави!“
– – – – – – –
Како да не добијам растројство на поделена личност, кога секој крај на декември се обидувам да ги убедам децата дека сум Дедо Мраз, а жената дека не сум Дедо Мраз?!
– – – – – – –
Во авто-сервис:
– И како досега не го слушнавте ова ужасно тропање од моторот?
– Па, денес првпат патувам без жената…
– – – – – – –
– Каде ќе бидеш за Нова година?
– Ќе се заклучам дома и нема да излегувам една недела. Комшиите нека си мислат дека сум во Охрид!
– – – – – – –
– Твојата жена и балдозата ти се близначки. Како ги разликуваш?
– Многу едноставно. Ако ја бакнам балдозата, добивам шамар од жена ми…
– – – – – – –
Од нашата генерација само Мишо остана во Македонија…
– Браво за него! Патриот!
– Во затвор е…
– – – – – – –
Се враќа мажот од работа:
– Драга, готвиш ли или пеглаш?
– Зошто?
– Целата куќа мириса на изгорено!
– – – – – – –
Прашале 10.000 мажи што би избрале – нов автомобил или идеална жена.
Резултатите од гласањето се следни:
– 47% – бензин
– 53% – дизел
– – – – – – –
„Порано или подоцна, снегот ќе се стопи. Важно е да сме живи и здрави!“
Ваш Македонија пат.
Коментирај анонимно