10 кратки вицови за весели празнични денови
Планирањето на годишниот одмор е лесно. Шефот ти кажува кога, а жената ти кажува каде.
– – – – – – –
Жената се враќа од работа и го прашува мажот си:
– Драги, зошто го миеш таванот?
– Готвев!!!
– – – – – – –
Ако после педесет не си го сакате животот, турете си уште педесет!
– – – – – – –
Македонец му позира на уметник.
– Сакам да ме нацрташ во херојска поза!
– А каква е таа?
– Пред мене стои шише ракија, а не сум го отворил.
– – – – – – –
Римјаните биле многу глупи. Замисли да го распнеш на крст единствениот којшто можел да ја претвори водата во вино.
– – – – – – –
Женска математика:
Ќе си нарачам уште работи, за да добијам бесплатна достава.
– – – – – – –
– Ало, слушај, мојот отиде на службен пат… те чекам! Упс, го згрешив бројот…
– Ништо, дај ми ја адресата, веќе ги облеков патиките.
– – – – – – –
– Маре, што е тоа љубов?
– Што е љубов?! Сега ќе ти кажам. Ги затвораш очите за сите негови недостатоци и кога конечно ќе ги отвориш – две деца!
– – – – – – –
– Жено, памтиш ли на почетокот колку бевме заљубени?
– Марче, фокусирај се, не се расплинувај, имаш садови за миење…
– – – – – – –
За разлика од државните, терористичките организации секогаш ја преземаат одговорноста!
Коментирај анонимно