10 кратки вицови за весело финале на работната недела
И јас му се радував на првиот снег, се додека тато купуваше дрва.
– – – – – – –
– По што се разликува солариумот од скарата?
– По кокошката.
– – – – – – –
Кумата потпивната држи говор на свадбата:
– За жал, не го знам многу добро младоженецот и затоа не можам да ѝ честитам на невестата… Но, многу добро ја познавам невестата и затоа не можам да му честитам на младоженецот.
– – – – – – –
Не ги сфаќајте социјалните мрежи толку сериозно! Повеќето лајкови и коментари ги добивате од тоалетите, додека…
– – – – – – –
– Ало, добар ден. Се јавуваме од Друштвото за заштита на животни…
– Се разделивме, барајте го кај мајка му!
– – – – – – –
Мажот и жената на одмор се испокарале од сабајле и отишле на плажа.
Лежат така на плажата, мажот чита весник. Поминува една згодна женска во танга, а мажот упорно продолжува да го чита весникот, знаејќи дека жена му го гледа што ќе направи. Жената злобно промрморува:
– Лицемер!
– – – – – – –
– Како паметен Македонец разговара со глуп?
– Преку Вибер од странство.
– – – – – – –
Маж оди во аптека:
– Може ли еден презе*ватив?
Аптекаркара:
– Со каков вкус?
Мажот:
– За Вас можеби е вкус, за мене е арома.
– – – – – – –
– Колку цигари пушиш на ден?
– Зависи!
– Од што зависи?
– Од тоа, колку пријатели ќе сретнам денес!
– – – – – – –
Еден студент прашува друг:
– Ќе одиме ли на кафе или на предавање?
Вториот вели:
– Ќе фрламе паричка, ако остане во воздух, одиме на предавање.
Коментирај анонимно