10 кратки вицови затоа што смеењето е половина здравје
Дете, кое го поминало летниот распуст кај баба и дедо на село, знае да мери крвен притисок подобро од вашиот матичен лекар.
– – – – – –
Ме мачи едно прашање:
– Ако пратениците се слуги на народот, зошто моите слуги живеат подобро од мене?
– – – – – –
Вчера слушнав една многу интересна и убава македонска народна поговорка:
„Со што ќе се пофалиш, без тоа ќе останеш“.
Јас само да ви се пофалам со двата кредита и со десетте килограми вишок!
– – – – – –
Жените чувствуваат сѐ! Секоја промена, секое заладување во односите, секоја лага! Жените чувствуваат сѐ, освен моментот кога да замолчат!
– – – – – –
Ако таа ве изневерила само еднаш, значи не сте елен, туку еднорог!
– – – – – –
Баба Цана најде бумеранг во дворот. Во мака се виде додека да го исфрли.
– – – – – –
Златно правило:
– Колку и да ви е скапан животот, не си ги лајкувајте сликите сами.
– – – – – –
Поради кризата која никако не поминува, македонските власти ветија дека ќе преземат драстични економски мерки. Ветија дека од утре ќе почнело да се штеди, па затоа светлото на крајот на тунелот ќе биде изгаснато.
– – – – – –
– Два литри точено пиво ве молам!
– А носите ли некаков сад, во кој да ви наточам?
– Со садот разговарате!
– – – – – –
Дефиниција:
Бесконечност – тоа е времето, во кое ти пржиш тиквички за целото семејство.