10 кратки вицови

– Какo да се подобри македонското здравство?
– Многу лесно. Да се донесе закон првите 3 години новодипломираните доктори да ги лекуваат само семејствата на нивните професори.

– – – – – – –

– Ало, полицијата ли е тоа?
– Да, кажете!
– Мажот ми отиде пред три дена да купи ориз и уште го нема. Што да правам?
– Згответе нешто друго!

– – – – – – –

– Дедо попе, може ли оваа година да не постам?
– Може, и така постовите ти се глупи!

– – – – – – –

– Докторе, ме боли црниот дроб.
– Пиете ли?
– Пијам, но не поминува.

– – – – – – –

– Сине, ако сакаш некоја жена, покажи ѝ го тоа!
– Ама мамо, ѝ го покажав и таа избега!

– – – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Зошто мажите со кои излегувам на состанок секогаш се неизбричени?
– А ти си пробала ли да не каснеш по толку?

– – – – – – –

Мажот ѝ вели на жена си:
– Сакаш ли да пробаме некоја нова поза?
Жената се согласува:
– Може. На пример, ти да застанеш прав мијалникот во кујната цела вечер, а јас ќе легнам на каучот и ќе гледам телевизија!

– – – – – – –

– Наде, оваа торта крцка бе душо!
– Мило, се е како во рецептот. Убаво си пишуваше „Ставете три цели јајца“.

– – – – – – –

– На некои места во светот ги мачат луѓето со струја. А знаете ли како е во Македонија?
– Во Македонија ги мачат и со струја и со парно и со вода.