10 кратки вицови и афоризми на тема „17-ти ден во карантин“
17-ти ден во карантин. Почна да ми се причинува како да слушам некој длабок, таинствен глас како ми вели:
– Зборува Големиот Брат…
– – – – – – –
Во Македонија да добиеш коронавирус, комшиите ќе речат зошто тој да има а јас не.
– – – – – – –
Сега сме исти како мафијашите. Во куќен притвор, тие со милионите, ние со макароните.
– – – – – – –
17-ти ден во карантин. Мажот:
– Добро ма жено, ме изеде значи. Нема ли да ми кажеш барем еден топол збор?
– Да даде Господ да гориш во пеколот!
– – – – – – –
Ако фризерските салони не отворат до крајот на месецот, 90% од плавушите ќе исчезнат од лицето на Земјата!
– – – – – – –
Сега сфатив дека ние Македонците толку добро ја владееме интонацијата што со фразата „Пи*ка ти мајчина“ можеме да те испцуеме, да те пофалиме, да те поздравиме, па дури и да изразиме сочуство!
– – – – – – –
Карантински дневник:
– Седам по цел ден дома, а кучето ме гледа со поглед „Сфаќаш ли сега зошто ги гризам мебелот и обувките?“
– – – – – – –
Летото наближува и ми е смешно заради комарците. Има да се чудат каде сме.
– – – – – – –
После 17-дневно чистење на Ајфонот со ракија, Сири проговори на македонски и ми побара шопска…
– – – – – – –
На почеток на карантинот фигурата ми беше стројна, сега после 17 дена се си е исто, само без „С“. Од СТРОЈНА стана ТРОЈНА.