10 кратки вицови и афоризми за долго смеење

Ланското лето на Тасос, ова лето на Терасос.

– – – – – –

Мажите се бираат како Велигденски јајца! На крај останува само најздравиот чукач!

– – – – – –

Ноќ. Детето влегува во спалната на родителите и вели со плачење:
– Браво мамо, а мене ме испрати на психолог, затоа што сум си го шмукал прстот…

– – – – – –

Во жарот на комшиската кавга, едниот комшија му вели на другиот:
– Ако не бев јас, ти сега ни деца немаше да имаш…

– – – – – –

9 см се целосно доволни за една жена да е среќна! Без разлика дали натписот врз нив е Visa или MasterCard.

– – – – – –

Сите одат на фитнес затоа што се дебели, а на никој не му текнува да отиде во библиотека затоа што е прост!

– – – – – –

– Човеку, или запрете со алкохолот, или ќе ослепите!
– Да ви кажам докторе, јас сум возрасен човек – веќе се сум видел…

– – – – – –

80-годишен господин ѝ се жали на докторката:
– Докторке, имам една мака. После 3 часа с*кс ми се јавува некаков шум во ушите. Што може да е това?
– Аплауз, господине, аплауз…

– – – – – –

Поп среќава пријател и му се фали:
– Денес венчав три пара, и сега седум срца ќе скокнат од среќа!
– Попе, сакаш да кажеш, шест срца?
– Ти да не мислиш, дека јас без пати ги венчавам бе?

– – – – – –

– Зошто терористите киднапираат авиони, возови, автобуси, а не вршат атентати на претседатели, министри, политичари?
– Затоа што тероризмот треба да предизвика ужас, а не радост.