10 кратки вицови и афоризми за повесел викенд

Станувам сабајлево и додека сите зјапате во 4 ѕида, јас си пијам кафе, а околу мене песок, море и палми. Во животот е многу важно човек да го направи вистинскиот избор… на тапети.

– – – – – –

Горе главата. Остануваат година и два месеци до летото!

– – – – – –

– Кој е најтажниот човек на светот?!
– Сообраќаен полицаец, кој отишол да гледа Формула 1.

– – – – – –

Најдосадната поза во се*сот е кога ти си одоздола, а одозгора нема никој.

– – – – – –

СЗО да измислат тест за глупост, тогаш ќе видат што е ПАНДЕМИЈА!

– – – – – –

15-годишниот внук влегува во собата и го фаќа својот дедо како гледа п*рнографски списанија.
– Дедо, давај веднаш 1000-ка, инаку ќе им кажам на сите дека гледаш п*рнографска литература!
– Слушај сега внучко. Ти пари од мене не добиваш. За тебе ова може да е п*рнографска литература, за мене се историски документи!

– – – – – –

– Тате, ти кога се запозна со мама, кои ѝ беа првите зборови?
– Бегај бе, сељак!

– – – – – –

– Попе, го изневерив мажот!
– Ништо чедо! Обиколи ја црквата толку пати, колку што си го изневерила!
– Попе, а може ли со точакот?

– – – – – –

– Мамо, мамо, јас посвоен ли сум?
– Да бе, од сите деца, баш па тебе ќе те земеме…

– – – – – –

– Бабо, што е тоа „Гестапо“?
– Нешто многу лошо внучко! А зошто?
– Зошто тато кога и да те види вели „Еве го Гестапо пак дојде“.