10 кратки вицови и афоризми за ситуацијата во која сме заглавени

Македонецот не верува дека постои КОВИД-19, но верува дека 5G ќе му ги убие кокошките.

– – – – – – –

Надвор времето е само за казни!

– – – – – – –

Откако се појави првиот случај на корона во затворот во Шутка, еден од чуварите во затворот им наредува на затворениците:
– Сите да си ги исчистите добре ќелиите! Утре доаѓа министерот!
Еден од затворениците прашува:
– А тој колку години доби и за што?

– – – – – – –

Денес фрижидерот ми прослави 10000 прегледи за овој месец!

– – – – – – –

Ова лето барем ќе можеме да велиме дека не сме отишле на одмор во странство заради коронавирусот, а не затоа што немаме пари!

– – – – – – –

323 г. пр. н.е. Умира Александар Македонски. Плутарх пишува дека мртви птици паѓаат от небето. Од ова следува дека македонското 5G е старо околу 2350 години…

– – – – – – –

– Леле, не можам да земам воздух! Жено, ѕвони на 194!
– Брзо! Која ти е шифрата на телефонот?
– Ааа, ништо, ништо, ми помина!

– – – – – – –

Кога Зоки си ги дезнфицира рацете со „Шанел“, жена му сфати како се чувствувал кога ја гледал како ги брише масите со одлежаната лозова.

– – – – – – –

Се шетаат два стаорци во подрумот на зградата. Помалиот вели:
– Мамо, мамо, гледај – човек!
– Стој понастрана од него, разнесуваат секакви зарази!

– – – – – – –

После 9 месеци, прашуваат родилка:
– Кој е таткото?
– Не знам, носеше маска…