10 кратки вицови кои ќе внесат бран ведрина во вашите домови

Макрон рече:
– Внимавајте и избегнувајте контакти со повозрасните!
Сега најверојатно жена му го чека со сукалото зад вратата…

– – – – – – –

– Маче, колку години имаш?
– 28.
– Е како така, нели син ти има 18?
– Епа, децата си растат. Што се чудиш?

– – – – – – –

Дојде времето конечно и јас да им кажа на моите:
– Никакво излегување!

– – – – – – –

Онлајн испит на музичка академија, отсек виолина:
– Колега, требало повеќе да вежбате!
– Каде повеќе, веќе седум комшии се обесија…

– – – – – – –

– Ало, националниот штаб за следење на корона вирусот ли е тоа?
– Да, кажете!
– Преку ѕидот слушнав како комшијата два пати се искашла!

– – – – – – –

– Ако те фрлат един месец на пуст остров и имаш право да земеш со себе си само еден предмет, што ќе одбереш?
– Интернет може ли?
– Не.
– Е па тогаш – тоалетна хартија…

– – – – – – –

– Сине, ти зошто имаш единица по математика?
– Е па наставникот еднаш рече да го најдам Х, а јас не можев!
– Еј мамицата негова, тој Х уште ли не го најдоа, и во мое време го бараа!

– – – – – – –

– Тато, ти се молиш ли пред да отидеш на риба?
– Да, сине.
– Ама на Господ или на Алах?
– Не сине, на мајка ти…

– – – – – – –

Пресна врска:
– Мили, која е таа овца на сликата до тебе?!
– Сестра ми.
– Ај, колку е слатка…

– – – – – – –

– Вие што сте?
– Пратеник…
– Како не ви е срам! Здрав, прав човек, подобро да земете да работите нешто!