10 кратки вицови на тема корона, само за љубителите на црниот хумор
Ме запира полиција:
– Добровечер господине Дали сте пиеле алкохол?
– Да, се видов до старите другари, се вратиле од печалба од Италија. Да дувам ли?
– – – – – – –
– Мамо, кога кога ќе заврши тој Корона вирус?
– Молчи и јади си ја тоалетната хартија.
– – – – – – –
Официјални податоци од Северна Кореја за бројот на заболени од корона вирус:
11 март – 1
12 март – 0
13 март – 1
14 март – 0
15 март – 2
16 март – 1
17 март – 0
– – – – – – –
Лекот цело време ни бил пред очи:
Ако ги разместиш буквите на КОВИД 19 се добива 19 ВОДКИ.
– – – – – – –
Министерот вели: Мијте си ги рацете!
Македонецот слуша: Бришете си го задникот!
– – – – – – –
Во Тибет најуплашени од коронавирусот се луѓето на возраст меѓу 130 и 170 години.
– – – – – – –
Сношти ги затворија кафаните, седнав со жената да пиеме по една ракија. Таа да ти била многу интересен човек кога ќе се отвори.
– – – – – – –
Денес во банката влегоа двајца со маски. Настана голема паника. Но добро е, кажаа дека е грабеж и сите се смиривме.
– – – – – – –
– Киро умрел.
– Коронавирус?
– Не, обичен грип.
– Е, па тогаш не е страшно…
– – – – – – –
Јадете многу лук! Не помага против корона вирусот, но ги држи другите на растојание!