10 кратки вицови за брзо подобрување на расположението

– Сине, ти си веќе 29 години, време е да почнеш да мислиш за твојата идна професија!
– Добре бе тато, купи ми една диплома за адвокат!

– – – – – – –

– Драги, некој ѝ подарил на комшивката многу убава брендирана чанта. Ќе ми ја купиш ли истата и мене?
– Е не може, последна беше! Упс…

– – – – – – –

– Докторе, вистина ли е дека морковите се добри за видот?
– Секако дека се. Ти си видел ли зајак со очила?

– – – – – – –

Дедото гледа п*рно, а бабата му вели:
– Стојане, да знаеш дека ако те фати срцето, таа к*рва нека те води на болница, не јас!?

– – – – – – –

Жената дознала дека мажот ѝ е во стриптиз клуб и отишла да го фати на дело. Го нашла зазјапан со јазикот до земја и му вели:
– Што правиш тука бе?!
– Дојдов да разгледам какви гаќи да ти купам!

– – – – – – –

– Добар ден. Сакам да направам годишна претплата за 2020.
– Господине, фитнесот не погорниот кат, ова е продавница за вино.
– Знам.

– – – – – – –

СМС порака од жената
„Душо одам по вино, ќе ја наполнам кадата, ќе запалам свеќи. Ти текнува ли што планирам?“
„Ќе се крштеваш ли ма?“

– – – – – – –

Маж во аптека:
– Извинете, имате ли вијагра за жени?
– Во спротивната зграда, во златарата.

– – – – – – –

– Шефе, веќе не одам на службени патувања.
– Зошто бе, Кире?
– Комшијата ме замоли да одам, другиот исто… всушност целиот влез ме моли да одам…

– – – – – – –

– Какви големи нозе имаш бе Зоки, кондури не можеме да ти најдеме?!
– Кога бев мал на село, по цело лето одев бос и пораснаа!
– Подобро ќе беше без гаќи да си одел!