10 кратки вицови за брзо поткревање на расположението
– Драги, што толку многу муабетите со комшивката од 3-ти?
– Ништо. За времето.
– Слушај синоптичару, ако уште еднаш те видам со неа, ќе те тресне гром од ведро небо!
– – – – – – –
Мене ми е многу забавно кога ги слушам мајка ми и жена ми како се расправаат, додека едната од нив не рече:
– Нели, Ангеле?
– – – – – – –
Последната мисла на Македонец, пред да донесе некаква важна одлука:
„Што го е*ам.“
– – – – – – –
Штом жената ќе ти каже:
– Не ме бакнувај зошто ме боцкаш!
Друг ја боцка, баце…
– – – – – – –
– Мамо, тато, решив да станам веган и се откажувам од месото во корист на зеленчуците.
– Добро сине, јади што сакаш, само не се откажувај од жените во корист на мажите.
– – – – – – –
Разговор на телефон:
– Ало, жено, спреми се, ќе те направам најсреќна на светот!
– Што?! Ме напушташ ли?
– – – – – – –
– Госпоѓице, во продавницата не се пуши!
– Ама јас цигарите ги купив од вас!?
– Е добро де, јас и презервативи продавам…
– – – – – – –
Одговор за 8-ми март каков што секој маж посакува да слушне:
– Душо, каде сакаш на 8-ми март?
– Каде ќе решиш, само не на косата…
– – – – – – –
Гледам един на автобуска, половина час го држи телефонот на увото, а ништо не зборува. Си велам:
– Овој сигурно се кара со жената…
– – – – – – –
– Мила, ти текнува ли една зима кога отидов на лов и кога се загубив во планината и потоа ноќевав во една колиба?
– Не ми се слушаат твоите глупости, кажи на кратко!
– Машко, три години.