10 кратки вицови за да си се насмееме на маката, затоа што смеењето е половина здравје
Уште на вториот ден од карантинот видов змија во дворот. И трес-трес со мотиката, ја направив парче. И сега 10 дена си седам дома без кабелска и интернет…
– – – – – – –
10-ти ден во карантин:
– Жена ми оди по цел ден низ дома како од мајка родена…
– Гола ли?!
– Не… Се дере…
– – – – – – –
Откако ја даваа „Касандра“ на прва, такво мртвило на улиците не беше било!
– – – – – – –
Во иднина во учебниците по историја ќе има вакво трик прашање:
„Во која година се одржале олимписките игри Токио 2020?“
– – – – – – –
Статистика од полицијата:
провалувања – 0
кражби – 0
улични тепачки – 0
семејно насилство – 1645790
– – – – – – –
2040-та година:
– Како се викаш, кукло?
– Тина.
– Од Кристина ли е скратено?
– Не, од Карантина…
– – – – – – –
Нешто не ми е јасно кај овие западниве, либералниве земји.
Соопштуваат само за мажи и жени починати од коронавирус. А другите 7-8 пола што ги имаат не ли боледуват? Што се случува?
– – – – – – –
Пред околу 2 години во една несреќа го загубив едното уво. Тоа не ми беше проблем, но кажете ми сега, каде да ја закачам таа маска?
– – – – – – –
Морам да седам дома, не смеам да излегувам по кафичи, не смеам да одам на утакмица… Ова коронавирусот ти е исто како бракот.
– – – – – – –
Короната уништи уште една македонска традиција! Со ова 1,5 – 2 метри растојание, никој не може да отиде преку ред…