10 кратки вицови за долго смеење
Македонски фудбалер се враќа дома од натпревар и ѝ се фали на жена си:
– Денес дадов 2 гола.
– А колку заврши натпреварот?
– 1:1
– – – – – – –
Двајца нови љубовници разговараат во кревет.
Таа:
– Која ти е најнезаборавната фраза што ти ја кажале после с*кс?
Тој:
– „Ајде да те видам друг пат дали ќе крадеш!“
– – – – – – –
Мажите лажат и изневеруваат. Жените се домаќинки и се верни.
Во задачата се прашува:
– Со кого изневеруваат мажите?
– – – – – – –
– Докторе, животот ми е многу досаден…
– Фатете си љубовник!
– Имам двајца…
– Кажете му на маж ви за нив!
– – – – – – –
– Која е разликата меѓу човекот и свињата?
– На една свиња, колку и да ѝ налеваш алкохол, човек нема да стане!
– – – – – – –
– Еј, слушна ли дека Перо дал отказ?
– И каде ќе оди?
– Во геј-клуб. Вели дека пари има повеќе, а те е*ат помалку!
– – – – – – –
Француска мајка го прашува својот син:
– Жан-Пол, зошто пак си се тепал на училиште?
– А, другите зошто ми викаат бел мајмун?
– – – – – – –
– Според мене, имате потреба од алкохол и с*кс.
– А според мене, вие сте прекрасен доктор.
– – – – – – –
Разговараат две плавуши:
– Денес ми вадеа заб…
– Леле цуци… И сега те боли ли?
– Не знам, остана кај заболекарот!
– – – – – – –
– Колку тежите?
– Кога ќе го вовлечам стомакот 112 килограми!
– А ако не го вовлечете?
– Не знам, не ја гледам вагата!