10 кратки вицови за долго смеење
– Ќерко, зошто шишето со ракија е до половина празно?
– Затоа што си песимист бе тато!
– – – – – – –
– Добро утро госпоѓо, како е Вашата главоболка денес?
– Стана рано и отиде на риба.
– – – – – – –
– Докторе, ме боли црниот дроб!
– Покажете ми го јазикот!
– А бе докторе, ви реков дека ме боли црниот дроб!
– Покажете ми го јазикот!
– Докторе, вие се шегувате ли со мене?!
– Добро, тогаш покажете ми го црниот дроб…
– – – – – – –
Семејство на ехо во 24-та недела:
– Докторе, ќе има ли куре меѓу нозете? – со надеж прашува сопругот.
– Ќе има, ќе има! После 14-15 години.
– – – – – – –
Полицаец запира плавуша:
– Госпоѓице, Вашата возачка дозвола?
– Не можам да ви ја дадам, подарок ми е.
– – – – – – –
Јас сум жена, 21 година во брак. И неодамна една пријателка ме пршува:
– Што најмногу те возбудува кај мажот ти?
– Крцкањето на вратата кога излегува!
– – – – – – –
Две баби си прават муабет на клупата пред зградта:
– Мојот дедо има многу лоша навика. По цел ден си ги гризе ноктите.
– Ааа, јас мојот го одучив!
– Како, мори? Рацете ли му ги врзуваш?
– Не, му ги кријам забите.
– – – – – – –
Повик до техничка помош во интернет провајдер:
– Ало, ми се расипа пералната.
– Што има тоа врска со нас? Ние сме одговорни само за вашиот интернет.
– Ама јас ја купив преку интернет!
– – – – – – –
– Може ли едно прашање?
– Какво?
– Ме сакаш ли?
– Не може.
– – – – – – –
– Тато, тато, зошто немам братче?
– Затоа што навечер не спиеш и ги плашиш штрковите!