10 кратки вицови за долго смеење

– Мамо, излегувам. Да купам ли нешто?
– Купи си стан и мавни ми се! 44 години си веќе.

– – – – – – –

– Какви анали гледаш на телевизија?
– Сакаш да кажеш канали?
– Не!

– – – – – – –

Во банка:
– Сакам да извадам 500 денари.
– Господине, на шалтер се вадат минумум 2000 денари, а за помали суми на банкоматот надвор.
– Ама јас си ја заборвив картичката, затоа влегов внатре!
– Тогаш ќе мора да отидете дома, да ја земете и вратете се пак.
– Добро, тогаш ќе извадам 2000 денари…
– Во ред. Потпишете тука и повелете. Нешто друго?
– Да, сакам да си уплатам на сметка 1500 денари.

– – – – – – –

Очите биле поврзани со мозокот. Затоа не се чудете кога некој ве гледа со тап поглед.

– – – – – – –

– Ех да ја слушав мајка ми што ми велеше…
– Што ти велеше?
– Па ти велам, не слушав!

– – – – – – –

– Не играм повеќе карти со Мите!
– Зошто?
– Несериозен човек е, вчера снемав пари, па ја ставив жена ми. Тој ја доби и сега не сака да си ја земе!!!

– – – – – – –

– Драга, читав дека најдобриот с*кс е после кавга.
– Но ние не сме скарани!
– Се ми се чини како да си поправена!

– – – – – – –

– Каде се наоѓа душата?
– В градите.
– Како што гледам, ти изгледа си рамнодушна!

– – – – – – –

– Три пати се женам и се разведувам.
– Море што женкар си тиии…
– Не бе, за една иста жена.
– Ааа глуп си бил.

– – – – – – –

На нова година застанав на вагата и решив до летото да ослабам 10 килограми. Сега поминаа празниците, застанувам на вагата и гледам дека до целта имам уште 15.

– – – – – – –

– И?!
– Убава е, ама на Европското е за Бразил!