10 кратки вицови за долго смеење
Утврдија дека коронвирусот се пренесува преку парите! Сега конечно ми е јасно зошто на запад има толку многу заразени, а кај нас малку!
– – – – – –
– Зошто се прави веридба?
– За да не ти текне да се откажеш. Како давање капар.
– – – – – –
Навистина ли вие што работите во странство, кога ќе го потрошите шампонот само го фрлате, без да го наполните вода?
– – – – – –
– Кире, колку литри ти е бојлерот?
– Пет – шест песни…
– – – – – –
– Бугарин, албанец и србин се возат во ист автомобил во Германија.
– Кој го вози автомобилот?
– Полицаецот!
– – – – – –
Заедничкото на се*сот и баницата е што за двете требаат добри јајца и јако сукало!
– – – – – –
Ако Свети Валентин е денот на вљубените, кој е тогаш денот на разведените?
– Спасовден!
– – – – – –
Во Тибет најисплашени од COVID 19 се луѓето меѓу 130 и 190 години.
– – – – – –
На млади години:
– Имаш с*кс, се појавуваат децата!
Во зрела возраст:
– Таман ќе ја убедиш да имате с*кс и се појавуваат децата.
– – – – – –
Бил Глејтс не успеа 30 години да го спаси Windows од вируси, а тргнал сега да го спасува човештвото! Фала, не треба!