10 кратки вицови за малку да ве расположиме и да ви ги тргнеме мисите од ситуацијата

– Зошто во пеколот само на македонскиот казан нема чувар?
– Затоа што внатре има само Македонци и ако некој тргне да излегува, останатите го повлекуваат назад!

– – – – – – –

Стоматологот:
– 1200 денари за поправка на забот, нема да јадете два часа!
Пациентот:
– Не 2 часа докторе, туку 2 недели сега нема да јадам…

– – – – – – –

60-тите:
– Во 21-век ќе започне колонизирање на сончевиот систем!
21-ви век:
– Грците ја прскаат границата со Турција со свинска урина.

– – – – – – –

Најапсурдната фраза:
„Јас му ги дадов најубавите години!“
Анализирајќи го горното, се гледа како една повозрасна дама се жали затоа што била мажена за „таков глупак“, а во исто време признава и дека тоа ѝ биле најубавите години во животот.

– – – – – – –

– Ако уште еднаш ме наречеш “животно”, готово се разведуваме!
– Добре, драга! Нема повеќе!
– Сега одам да прилегнам малку, ме болат нозете!
– Предните или задните?

– – – – – – –

Мајка ѝ се јавува на ќерката, прва година студентка во Скопје.
– Миличка, тука кажуваат ужасни нешта за студентскиот живот. Имало дрога, групен с*кс, секти…
– Секти?!

– – – – – – –

– Каков е вашиот с*ксуален живот?
– Како бајка…
– Значи, чудесен?
– Значи… еднаш, многу одамна…

– – – – – – –

Женскиот и машкиот флерт се како уметничка гимнастика и фудбал. Жените излегуваат на теренот со елегантен од, со насмевка на лицето и цела смислена кореографија, а мажите истрчуваат само со една мисла во главата, да дадат барем еден гол!

– – – – – – –

Разговараат две пријателки:
– Знаеш ли што значи кога ќе се вратиш дома, а мажот ти подарува љубов, комплименти и нежност?
– Знам. Си ја погрешила куќата!

– – – – – – –

Се сплеткале маж со пари и жена со искуство. После разделбата, мажот бил со искуство, а жената со пари!