10 кратки вицови за полесно справување со ситуацијата во која се наоѓаме
– Како да знаеме дека дошол пикот на вирусот?
– Кога тетката лево од Филипче што покажува со рацете, ќе почне само да се крсти…
– – – – – –
Народна поговорка:
„Ако комшивката често доаѓа по сол, наскоро ќе побара и друго.“
– – – – – –
Моментот на вистината:
Кога жената ќе ја симне шминката, а мажот гаќите.
– – – – – –
Ние Македонците сме како тампони. Живееме на едно од најубавите места на Земјата, но во ужасен период.
– – – – – –
Жените нема да се израмнат со мажите, додека не почнат да одат по улица ќелави, со пивски стомак и пак да мислат дека се секси.
– – – – – –
Ми се жали комшивката преку терасата:
– Нешто деновиве ме болат колената.
Ѝ велам:
– Да читаше книги, ќе те боела очите!
– – – – – –
Тотално здрав човек почина како последица на коронавирусот, после паѓање од петтиот кат, откако жена му му го отворила месинџерот!
– – – – – –
Лајвхак во време на пандемија:
Секогаш носете си ливче и пенкало во џебот. Ако на улица ве запрат полицајци, пред да им ги дадете документите, замолете ги да се претстават. Запишете им ги имињата, презимињата и сите податоци кои што ќе успеете да ги добиете. Ако ве прашаат за што ви треба тоа, одговорете им смирено:
– Кога ќе стигне резултатот, ако е позитивен, да можам да ве ставам во листата на лица со кои сум контактирал.
– – – – – –
Кога Зоки Поки го виде татко си како страсно ја целива комшивката од трети, веднаш си замисли каква боја ќе биде неговиот нов велосипед.
– – – – – –
Двајца мажи пијат пиво во селската кафана. Едниот станува, излегува надвор и се враќа со мокри чевли.
– Дожд?
– Не, ветер.