10 кратки вицови за повесел ден
Мaж и жена можат да бидат само пријатели, без да имаат с*кс. Таквото пријателство се нaрекува брак.
– – – – – – –
Разговор меѓу идеалниот маж и идеалната жена:
– Мила, сакаш ли да отидеме до златарата да ти купам прстен со огромен дијамант?
– Не.
– – – – – – –
Мажот налутено ѝ вели на жената:
– Зошто го удри детето, мори?!
– Ми рече дека сум дебела.
– И кога го удри, ослабна ли?
ПЛЕЕЕС!
– – – – – – –
Домот ти е таму каде што ти е полначот за мобилниот телефон.
– Современа поговорка
– – – – – – –
– Како ќе се масираш за маскенбалот?
– Се мислам да бидам Спајдермен!
– А маска си купи ли?
– Уште не. А ти во што ќе се маскираш?
– Па, во убавицата!
– А маска си купи ли?
– – – – – – –
– Каде беше?
– Трчав…
– А зошто ти се мокри панталоните, а не маицата?
– Не дотрчав…
– – – – – – –
– На скала од 1 до 10, со колку го оценувате нашето правосудство?
– А може ли скалата да почнува од 0?
– – – – – – –
– Што е женет маж без љубовница?
– Говедо врзано за слива.
– Што е мажена жена без љубовник?
– Историјата не памети таков случај!
– – – – – – –
– Зоки, кажи искрено, кој ти го напиша домашното?!
– Учителке, најискрено – не знам!!! Си легнав порано!
– – – – – – –
Разговараат двајца партиски војници вработени во државна администрација:
– Да не си ми го видел пенкалото?
– Да, зад увото ти е.
– Зошто секогаш треба да ги усложнуваме работите… зад кое уво?