10 кратки вицови за повесел празничен ден
Во супермаркет пред Велигден:
– Един килограм од пушениот слон, ве молам!
– Но госпоѓо, тоа е пиле!
– Оф, извинете, ме збуни цената…
– – – – – –
– Што е тоа лоша инвестиција?
– Да имаш претплата на спортски канали до крајот на годината!
– – – – – –
Ние Македонците многу се нервираме и пцуеме во два случаи: Кога владата презема драстични мерки и кога владата не презема драстични мерки.
– – – – – –
Соопштение до поштарот, кој продолжува да ми ги носи сметките! Остани си дома, човече!
– – – – – –
– Дали коронавирусот е пандемија или политика?
– Ни едното ни другото. Коронавирусот е новата државна религија. Можеш да не веруваш или да веруваш во него, но должен си да ги почитуваш обредите и ритуалите.
– – – – – –
– Мажу, ти гледаш Дискавери, да не знаеш колку живеат змиите?
– Зошто ма, да не ти е лошо?
– – – – – –
Германија:
– Победивме во војната со коронавирусот.
Русија:
– Конечно и вие да победите во една војна.
– – – – – –
Разговараат двајца пријатели:
– Кои жени ти се допаѓаат повеќе? Тие коишто многу зборуваат или другите?
– Кои други?
– – – – – –
– Тато, точно ли е дека кризата ќе удри по сите?
– Не сине, кризата ќе удари само по богатите, на нас директно ќе ни ја е*е мајката…
– – – – – –
Има два типа на луѓе.
Едните мислат дека политичарите ни мислат добро, а другите мислат.