10 кратки вицови за повесел викенд

Молитва која се кажува меѓу Божиќ и Стара Нова Година:
Господи, дај ми сили да го дојадам она што останало. Дај ми сила да го исфрлам тоа што се расипало. И дај ми мудрост да ги разликувам едното од другото!

– – – – – – –

– Мамо, навистина ли пилешката супа помага при настинка?
– Да, сине.
– А зошто?
– Затоа што во пилето има многу антибиотици.

– – – – – – –

Во локално продавниче:
– Немам ситно да ви вратам, сакате ли две гуми за џвакање со Мики Маус?
– Абе одете во ПМ… јас на дете ли ви личам? Дајте ми со Терминатор!

– – – – – – –

– Зоране, што се случува со тебе? Беше плав, сега си кафеав. Беше дебел, сега си слаб…
– Јас не сум Зоран.
– Ааа, сега и Зоран не си?

– – – – – – –

Има три вида с*кс:
1. Предбрачен:
– Се бркате низ целата куќа и го правите каде ќе се фатите.
2. Брачен:
– Го правите само во спалната.
3. Старобрачен:
– Кога и да се сретнете во собите само си велите „Е*и се!“

– – – – – – –

– Татo, татo, што гледаш?
– Гледам, сине… гледам! Какви мајки имаат другите деца!

– – – – – – –

– Прв пат патувам со бремена жена во воз.
– Но, Ве молам господине! Јас не сум бремена!!!
– Е! Има време до Скопје…

– – – – – – –

– Братучед, како го крстивте бебето?
– Алое… на баба му Вера.

– – – – – – –

Македонец се враќа од Париз и ѝ раскажува на жена си:
– И жено, одам по една голееема улица. Гледам на лево у пи*ку матер! Гледам десно – у пи*ку матер! Гелдам напред – у пи*ку матер…
– Леле мажу, какви убавини си видел…

– – – – – – –

– Каде ти се пријателите?
– Ги нема!
– Зошто?
– Ништо не им треба!