10 кратки вицови за Влентин и неговиот вечен ривал Трифун
– Келнер, бокалче жолта лозова, бокалче бело вино, бокалче црвено вино!
– Ама Драги, нели дојдовме да го одбележиме и Свети Валентин?!
– А, да… И едно срце на ражен!
– – – – – – –
Ако го празнувате Св. Валентин без презерватив, ќе биде Скорпија, да знаете…
– – – – – – –
Родителите, кои имаат тинејџерки да очекуваат:
– Мамоооо?!
– Кажи ќерко, што е?
– Може ли на 14 Февруари да спијам кај една пријателка?
– – – – – – –
Да имаш добиено на Свети Валентин значи голема болка за з*дникот…
– – – – – – –
На 14 февруари во книжара:
– Имате ли картичка со натпис: „За единствената жена во мојот живот“?
– Да!
– Дајте ми седум.
– – – – – – –
– А бе Саше, што ти подари жена ти за Свети Валентин?
– Ме испрати на с*ксуално патување.
– Какво е тоа?
– Ме испрати во п*чка си мајчина!
– – – – – – –
Не разбирам зошто мрчите дека свети Валентин не бил Македонец. Демек сите други светци се родум од вашето село…
– – – – – – –
Порано на Валентајн ми велеше:
– Соблекувај сѐ, те сакам!
А сега:
– Соблекувај сѐ, ќе ја пуштам пералната!
– – – – – – –
И на Свети Валентин е како на Нова Година – животни со рогови носат подароци!
– – – – – – –
За секој случај на 13 февруари си го пишувам следниот статус:
Ако на Свети Валентин добиете љубовна порака од мене, да знаете дека го славам Свети Трифун!