10 краткив вицови за повесел ден

Зевањето е начинот на кој телото ти кажува дека ти останува уште 20% од батеријата.

– – – – – – –

– Кире, во едната рака зад грбот држам шише со ракија. Ако погодиш која е, ќе ја испиеме.
– Во левата!
– Мисли Кире, мисли, концентрирај се!

– – – – – – –

Денес си најдов уште едно бело влакно во косата. Изгледа започнало моето претворање во лебед.

– – – – – – –

– С*ксуална ориентација?
– Десничар!

– – – – – – –

Пред да се појави Фејсбук, само роднините знаеја колку си глуп.

– – – – – – –

– Мамо, сите деца во училиштето ме зафркаваат дека сум девица!
– Пиши им единици, може ќе престанат…

– – – – – – –

Мујо:
– Одвај чекам да си отидам дома и да ја соблечам тангата на жена ми… уфф!
Хасо:
– Што си загорел толку да не можеш да дочекаш?!?
– Ма какво загорување, леле колку ме стегаат…

– – – – – – –

Како се вика Русин кој пуши по три цигари наеднаш?
– Димитри.

– – – – – – –

– Знаете ли зошто има толку много жени-археолози?
– Затоа што жените сакаат да роварат во минатото.

– – – – – – –

На почетокот на секој филм, Џеки Чен не сака да се тепа, но потоа ги крши сите од ќотек. Таков сум и јас со пиењето.