10 мистични факти за Худини, познатиот магионичар полн со енигми, роден на денешен ден

Хари Худини е роден на 24 март 1874 година. Тој бил американски илузионист роден во Унгарија, изведувач на трикови и каскадерски мистични точки. Худини е познат по своите настапи со бегство од „невозможни“ ситуации. Иако е познат по овие работи многу работи за неговиот живот и смрт остануваат непознати.

1. Го преземал името од друг магионичар

По потекло од Будимпешта, Унгарија, вистинското име на Худини било Ерик Вајс. Како тинејџер, тој ги читал мемоарите на францускиот магионичар Жан Јуџин Роберт Худин и станал негов идол по што Худини го вметнал како свое презиме.

2. Тој не бил многу добар магионичар

Худини пропаѓал како магионичар па неговиот менаџер му посочил да се фокусира на триковите со бегство, така што тој станал добар „уметник за бегство“.

3. Худини се борел против натприродното и сите што се занимавале со него

Откако неговата мајка починала тој сакал да ја контактира, но сфатил дека сите луѓе кои се нарекувале „медиуми“ се измамници. Така тој почнал да ги разоткрива. Тој нудел 10.000 долари за оној кој ќе му презентира вистински доказ дека може да комуницира си мртвите.

4. Брат му исто така бил познат магионичар

Худини го земал со себе помалиот брат Тео, магионичар кој му помагал во раните денови од кариерата. Тие дури создале и лажно ривалство за да станат попопуларни. Сценското име на брат му било Харден.

5. Биле одржувани сеанси за Худини секоја Ноќ на вештерките

Иако го разготкривал лажното натпиродно, тој ѝ кажал на својата сопруга дека ако почине прв ќе се обиде да ја контактира од мртвите. Кога тоа се случило неговата вдовица Бет 10 години по ред одржувала сеанси на Ноќта на вештерките со цел да го контактира Худини. Тоа никогаш не се случило.

6. Бил еден од првите пилоти во светот

Купил авион и при првиот лет се урнал, но преживеал. Тој станал првиот човек кој успешно управувал со авион во Австралија, правејќи три успешни лета во близина на Мелбурн, секој само по неколку минути.

7. Худини избегал од стомакот на морско чудовиште

Се претпоставува дека станувало збор за кит кој починал и бил исфрлен на плажа. Худини бил врзан со ланци, ставен во кутија и потоа сместен во стомакот на ѕверот, завеса била спуштена, а за некоја минута тој стоел одврзан и надвор од утробата на морското чудовиште. Илјадници луѓе биле сведоци.

8. Сѐ уште се дебатира причината за неговата смрт

Худини почина на Ноќта на вештерките во 1926 година на 52-годишна возраст, само неколку дена по борбата со последниот настап во Детроит. Официјалната причина за неговата смрт беше перитонитис донесен од пукнат апендикс, но неколку легенди продолжуваат да се вртат околу неговите последни денови. Најпознатиот се однесува на инцидент што се случил по настапот во Монтреал на 22 октомври.

Додека бил во неговата соблекувална, на Худини му пришол универзитетски студент кој се распрашувал за гласините дека може да издржи тешки удари во стомачните мускули. Кога Худини се пофалил со својата физичка сила, младичот го удрил во стомакот без предупредување, оставајќи го во агонија. Худини се жалел на болки во стомакот во текот на остатокот од денот, наведувајќи многумина да заклучат дека неочекуваните удари некако го активирале неговиот слепо црево. Други, пак, тврдат дека големиот магионичар бил отруен од спиритуалистите, кои претходно му се заканувале.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.