10 „мрачни“ факти кои не сте ги знаеле за Фејсбук: На овој ден пред 17 години е основана револуционерната социјална мрежа
Скоро секој од нас користи или користел Фејсбук, но се откажал од некоја причина. Социјалната мрежа со себе носи многу контроверзии, но и мора да се признае дека креираше револуција во интернет комуникацијата. Фејсбук е услуга за социјално вмрежување лансирана како TheFacebook на 4 февруари 2004 година. Сите знаеме дека основана од Марк Закерберг со неговите цимери од колеџот и неговите колеги студенти на Универзитетот Харвард, Едуардо Саверин, Ендру Меколум, Дастин Московиц и Крис Хјуз. Иако добрите и лошите страни на Фејсбук од ден на ден стануваат повидливи, сепак има неколку факти, кои нѐ тераат да се запрашаме: „Што се се случува на оваа социјална мрежа?“
Има над 30 милиони починати луѓе на Фејсбук чии профили не се избришани.
Истражување покажа дека 1 од 3 личности се чувствува понезадоволна од себе, по користење на Фејсбук.
Можете да преземете копија од сè што сте направиле на Фејсбук.
Сè што треба да направите е да отидете во „Поставки“ (Settings), потоа „Вашите Фејсбук информации“ (Your Facebook Information) , па „Преземете ги вашите информации“ (Download Your Information). Ќе добиете копија од секоја објавена објава, секој разговор и буквално сè што некогаш сте направиле на Фејсбук!
Фејсбук отстранува 7,7 милиони лажни профили, НА ДЕН.
Фејсбук е трајно забранет во Кина, Сирија, Северна Кореја и Иран.
Социјалната мрежа е во сина боја затоа што Марк е далтонист и не ги гледа зелената и црвената.
Голем број од модераторите на содржина на Фејсбук страдаат од посттрауматски стрес.
Секојдневно се прават 600.000 обиди за хакерство
Корисниците на паметни телефони го отвараат Фејсбук во просек 14 пати на ден
Ко-основачот Едуардо Саверин се откажал од американското државјанство
Официјална причина за ова е што тој живее во Синагопор и токму таму го поминува поголемиот дел од своето време. Сепак, ова не ги спречи гласините дека вистинската причина што го сторил тоа е да не мора да плаќа данок на богатството што го има собрано додека бил ангажиран со Фејсбук. Овој данок никогаш не е платен, па ако тој се откажал државјанството од таа причина, тогаш секако се исплатело.