10 нови, кратки вицови на тема корона, само за љубителите на црниот хумор
На четвртиот ден од карантинот, мајка на 3 деца пронајде вакцина за вирусот. Од мака!!!
– – – – – – –
Да не знае некој да не ги затвориле салоните за убавина? Од 10 комшивки, една не познав?!
– – – – – – –
Кога ќе размислиш поубаво, со овој карантин, колку вонбрачни врски паднаа во вода…
– – – – – – –
А бе си го гледам профилот и се чудам. Од каде ми се појавија толку епидемиолози пријатели. Претходно сите си беа нормални политиколози!
– – – – – – –
Чак Норис фатил КОВИД-19. Сега КОВИД е во карантин 14 дена!
– – – – – – –
– Кој ви е пасвордот за wi-fi-то?
– Вие сте на инфективна клиника!!!
– Со големи или со мали букви?
– – – – – – –
2025-та. Семејство во Бразил. Домашна атмосфера. Детето прашува:
– Мамо, мааамооо, јас како сум се појавил?
– Само глупости прашуваш, Карантињо!
2025-та. Семејство во Македонија. Домашна атмосфера. Детето прашува:
– Мамо, мааамооо, јас како сум се појавил?
– Само глупости прашуваш, Вируславе!
– – – – – – –
Ден 4-ти од карантинот.
– Не сум се отрезнил веќе 2 недели.
– – – – – – –
Еден ден, ќе им раскажувам на внуците како по цели денови сум лежел, сум јадел и сум спиел, за да го спасам човештвото…
– – – – – – –
Од денес сите наставници ќе држат онлајн лекции. Присуствуваат ученици, родители, баби и дедовци! Описменувањето на нацијата зпочна!