10 од најнеобичните атракции што можете да ги посетите низ целиот свет

Дури и домашно милениче може да стане туристичка атракција и да се оцени на Google од луѓе што го посетиле. Ваквите места го прават секое патување посебно и невообичаено. Подолу се некои места што можат да нe` воодушеват со својата уникатност.

Сметаме дека дури и местото во кое живеете може да има нешто необично, затоа споделуваме некои атракции што можат да ве инспирираат.

1. Кучето на балконот во Гдањск, Полска

Една од највисоко рангираните атракции во Гдањск е кучето од балконот. Златниот ретривер по име Милка мошне често, сака да лежи на работ од својот балкон и да гледа како луѓето доаѓаат и си одат.

2. Висечкиот столб во Лепакши, Индија

Овој мистериозен столб не лежи на земја. Служи како место за оддавање почит на инженерите од античките и средновековни индиски градители на храмови.

3. Кодини, „село на близнаци“, во Индија

Ова село во Индија изгледа како многу други, освен што има 400 пара близнаци кои живеат таму. Бројот на семејства е само 2.000, и се` уште е голема мистерија како се случило такво нешто.

4. Џиновска стаклена црква во градот Будаи, Тајван

Зградата е во облик на чевел со висока потпетица и е направена од над 320 затемнети стаклени панели. Широка е повеќе од 10 метри и чини околу 686.000 американски долари.

5. Џиновска комода во Северна Каролина, САД

Ова парче мебел од 19 век е „најголемата фиока во светот“. Висока е 10 метри и е изградена за да ги привлече луѓето на Хај Поинт познат како „главен град на мебелот на светот“.

6. Резерватот на џуџиња во Девон, Англија

Резерватот на џуџиња е градина и туристичка атракција во Девон која има повеќе од 2.000 џуџиња на 4 хектари земја. Тука можете да видите и околу 250 видови диви цвеќиња, билки, треви и папрати.

7. Трансфагарасанскиот автопат во Трансилванија, Романија

Неверојатниот и возбудлив пат во Романија, познат како Трансфагарасан е долг 151 км. Патот има бескрајни кривини и чисти падови, па можете да уживате во малку адреналин на свеж воздух.

8. Најголемата топка од боја во Индијана, САД

Топката е покриена со десетици илјади слоеви боја и држи светски рекорд. Атракцијата расте секој ден бидејќи посетителите додаваат нови слоеви.

9. Остров на мачки во Ташироџима, Јапонија

Островот  на мачки го добил своето име благодарение на локалното верување дека хранењето мачки ќе донесе богатство и добра среќа. Сега има повеќе мачки на островот отколку луѓе.

10. Куќата на Павлов

Атракцијата е станбена зграда што руските бранители ја заштитувале 60 дена против офанзивата на Вермахт. Името го добила по наредникот Јаков Павлов кој ја бранел зградата за време на долгата битка.