10 Политички прашања со БРУТАЛНО ИСКРЕНИ одговори
– Зошто терористите напаѓаат авиони, возови, автобуси, а не претседатели, министри, политичари?
– Затоа што тероризмот треба да предизвикува ужас, а не радост.
– – – – – – –
– Може ли пратениците да се заменат со роботи?
– Не! Првиот закон на роботиката гласи дека роботот не смее да му наштети на човек, ниту со дејствување, ниту со недејствување.
– – – – – – –
– Што е заедничко помеѓу економскиот раст во Македонија и планетата Плутон?
– Никој не ги има видено, а нивното постоење се докажува со помош на сложени пресметки.
– – – – – – –
– На кој јазик разговарале премиерите на Македонија и Бугарија на нивната средба?
– На смешен македонски.
– – – – – – –
– Што е глобализација?
– Тоа е кога богати Кинези патуваат во Италија за да купат облека произведена во Кина.
– – – – – – –
– Може ли еден хирург да оперира мозок на македонски пратеник?
– Не, затоа што хирурзите не се занимаваат со дрводелство.
– – – – – – –
– Колку вида луѓе има во Македонија?
– Само два вида – задоволни и незадоволни. Со незадоволните се занимава Државна безбедност, а со задоволните – Финансиска полиција.
– – – – – – –
– Како може да се преживее кризата?
– Со помош на правилно избрани антидепресиви: Пари, недвижности, злато, дијаманти…
– – – – – – –
– Ќе има ли трета светска војна?
– Не, трета светска војна нема да има. Но борбата за мир толку ќе се разгори, што камен на камен нема да остане, и жив човек нема да се најде…
– – – – – – –
– Што е заедничко помеѓу економскиот раст во Македонија и планетата Плутон?
– Никој ги нема видено, а нивното постоење се докажува со помош на сложени пресметки.
Коментирај анонимно