10 познати туристички атракции кои не изгледаат исто како на разгледниците
Дали сонувате да ја посетите Салата на огледалата во Версај, Шпанските скали во Рим или Кинескиот ѕид? Подгответе се за гужвите. Познатите туристички атракции привлекуваат голем број туристи, па затоа треба да се вооружите со трпение на овие места, иако привлечните фотографии не го покажуваат тоа.
Некои туристички атракции се чини дека се илјадници километри оддалечени од цивилизацијата, но тоа не е така – урбаниот Каиро се наоѓа веднаш до античките пирамиди.
Нека не ве залажува големината – познатите уметнички дела и статуи на фотографиите изгледаат поголеми отколку што навистина се. Ако не внимавате каде одите можете да ја турнете фонтаната Манекен Пис со момче кое уринира во Брисел. Да не беше секогаш толку преполно пред сликата на Мона Лиза, веројатно ќе ја промашевте за време на обиколката на Лувр.
Ѕирнете во нашата фотогалерија и видете познати места и статуи кои навистина не личат на разгледниците.