10 причини зошто Американците за нас се многу чуден народ

Корисник на Reddit неодамна го постави прашањето: “Кои работи во животот на Американците ви изгледаат прилично чудни, а за нив се сосема нормални?” Се разбира, имаше многу одговори, а ова се едни од најинтересните што покажуваат како ние ги доживуваме работите што се најнормални за Американците.

1. „Плаќањето огромни суми за школување е прилично неверојатно за мене, додека за Американците, очигледно не е“.

 

2. “Неверојатно е што се` е дозволено пред конзумирање алкохол. Може да возите автомобил, да купите пиштол, да имате деца, да се пријавите во војска, да се омажите, но ако одите на свадба не смеете да се напиете алкохол затоа што немате 21 година”.

 

3. „Начинот на изградба на американските градови, треба да возите речиси насекаде, не можете никаде да одите пеш“.

 

4. “Знамиња, знамиња и транспаренти. Тие се наоѓаат скоро насекаде, на секој чекор и на секое можно, замисливо и незамисливо место”.

 

5. “ТВ -програмата е толку комерцијализирана што речиси не можам да верувам. Дури и во вестите и во емисиите каде се разговараат за сериозни теми, Старбакс ја објавува својата есенска понуда на пијалоци”.

 

6. “Луѓето ручаат на своето биро. Кај нас се руча во кујна заедно со семејството”.

 

7. “Бакшишот е очекуван. Кај нас се добива само по заслуга, додека кај нив секако се очекува”.

 

8. “Екстремно насилна телевизиска програма среде бел ден, но во исто време цензурирање на нудизмот”.

 

9. “Опсесија со средно училиште. Имам дури и некои пријатели кои велат дека тоа бил најдобар период од нивниот живот“.

10. “Колку е голема земјата и колку е нормално да се вози на долги релации. Имам пријател кој еднаш, за да го посети семејството за викендот, возеше дури 16 часа”.