10 признаци дека си Македонец (виц)

  1. Родителите се грижат за тебе додека не станеш полнолетен на 48 години.
  2. Носиш тренерка со четири линии и натпис Adigas.
  3. Весникот дома е „предмет со двојна употреба“.
  4. Сметаш дека единствениот полош човек од политичарите е Елмас, кој повторно не можеше повторно да постигне гол.
  5. Одиш во викендичката на работа наместо на одмор.
  6. Ако турнеш некого на улица, велиш „упс“ или евентуално „пази бе“.
  7. Го сметаш ескалаторот за најголемо достигнување на цивилизацијата.
  8. Сомничав си кон банкоматите, Wi-Fi и автоматските врати.
  9. Гледаш вести и разговараш со телевизорот пцуејќи.
  10. На секој виц одговараш со „Го знам, ама на друг начин“.

Доволно е да исполниш барем 2 од горенаведените, за со сигурност да може да се утврди дека си Македонец.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *