10 пронајдоци кои некогаш биле дел од измислена приказна, но конечно се возможни и во реланоста

Некогаш сон на писателот и денес реалност. Во многу различни филмови, ТВ серии и книги видовме технологии што посакувавме да ги имавме во реалниот живот. Повеќето од овие измислени пронајдоци веројатно им дадоа на научниците неколку идеи да работат, со цел нашите животи да ги претворат во бесконечна авантура.

1. 3Д печатач

Во секоја ТВ серија и филм „Star Trek“, видовме репликатор. Им помогна на екипажот да добие храна во секунди и исто така да реплицира важни делови од бродот за поправки. Денес, можеби сè уште не можеме да реплицираме храна, но имаме 3Д печатач кој се користи за создавање делови за машини, како и човечки органи.

2. Подморница

Во книгата Дваесет илјади милји под морето, авантурите беа во подморница. Иако сите во тоа време не знаеја дали овој вид на превоз некогаш ќе биде возможен, се сметаше за фикција. Сепак, денес имаме модерни подморници кои можат да направат многу повеќе отколку само да патуваат под вода.

3. Виртуелна реалност

Во филмовите како Хакери, многумина од нас виделе технологија слична на, па дури и иста како VR што ја имаме сега. Денес можеме навистина да уживаме во виртуелната реалност, па дури и да играме игри користејќи ја оваа технологија.

4. Рачен уред за медицинско дијагностицирање

Се чини дека Star Trek не само што нè забавува, туку им помогна на научниците да имаат идеи за технологии. Ако се сеќавате на дијагностичкиот уред во серијата, знаете колку е корисно да се има денес. Додека се развива сличен уред, можеме да го земеме инфрацрвениот термометар како модерен пример на нешто што секој има шанса да го користи дома денес.

5. Дигитален билборд

Во минатото, билбордите беа едноставни и имаа само една слика. Сепак, како во филмот Блејд ранер, денес билбордите прикажуваат цели реклами и многу интересни најави.

6. Направи кои се активираат преку гестикулација

Од компјутери до телефони, уредите што се активираат со гестови почнуваат да стануваат почести. Навистина беше забавно да ги гледате во филмови, како Minority Report, но сега тие идеи изгледаат уште подобри и покорисни кога ги имаме на располагање секој ден.

7. Контрола со гласот

Додека контролата со гласот беше можна само во филмовите и во ТВ сериите како Star Trek, сега тоа е дел од нашиот секојдневен живот. Ние можеме да ги контролираме нашите телефони, компјутери, па дури и нашите домови со нашите гласови.

8. Паметни часовници

Во повеќето приказни, тајни агенти, филмови и ТВ серии како Golden Eye, Spy Kids или стриповите за Дик Трејси има часовници кои им помагаат за комуникација. Денес, имаме паметни часовници кои можеме да ги поврземе на нашите телефони и да разговараме со нашите пријатели и семејство. Сега секој може да се чувствува како таен агент.

9. Ховерборд

Сите 3 филмови „Назад во иднината“ беа за технологија што можеме да ја замислиме, машина за патување низ време. Но, во вториот дел од филмот, тие покажаа како изгледа иднината. Имаше прототипови на ховерборд.

10. Летечки автомобили

Петтиот елемент е еден од оние филмови каде што можеше да се види секаков вид на технологија, некои од нив сѐ уште не можеме да ги видиме денес. Сепак научниците работат на креирање на летечки автомобили.