10 работи кои ги прават Кинезите и можат да направат да се чувствувате како да сте во паралелен универзум

Додека повеќето полициски сили ширум светот тренираат кучиња за заштита, во Кина, полицијата претпочита таа работа да им ја препушти на гуските. Продолжете да читате и ќе откриете уште 9 кинески практики и рутини кои се веројатно непознати за остатокот од светот.

1. Подароците мора да се одбијат неколку пати пред да бидат прифатени.

Без оглед колку се популарни или сакани подароци во Кина, кога на кинески народ им се нудат подароци, вообичаено е тие да ги одбијат барем еднаш пред да ги прифатат. Ова се смета за пристојност. Кинезите не сакаат кога другите им купуваат скапи подароци, и во многу случаи, ова може да се смета за мито.

2. Многу жени носат лице-кини на плажа

Имањето чист, бел тен отсекогаш бил идеален стандард за убавина за Кинеските жени. Сонцето очигледно е непријател на тоа, па затоа носат лице-кини измислени уште во 2004 година и сега се носат претежно во крајбрежните области. Тие не само што го штитат лицето на жените од изложување на сонце, туку и од медузи и алги.

3. Полицијата понекогаш користи гуски наместо кучиња чувари

Можеби звучи чудно, но на места како провинцијата Ксинџијанг, полицијата понекогаш користи домашни гуски наместо кучиња. Ова се случува затоа што гуските можат да бидат гласни и агресивни, додека сепак имаат одличен вид. Тие можат да станат многу територијални и нема да престанат да мавтаат со крилјата и да врескаат сè додека натрапникот не исчезне.

4. Луѓето дремнуваат прилично насекаде.

Во Кина, повеќето луѓе работат многу часови секоја недела, понекогаш без слободен ден. Ова е причината зошто е разбирливо да дремат во текот на денот каде и да се. Без разлика дали е на нивната работна станица, на воз, па дури и на улична клупа, тие никогаш нема да се двоумат да ги затворат очите неколку минути.

5. Тие сакаат да плукаат во јавност.

Додека плукањето се смета за некултурно во западните земји, во Кина, се смета дека тоа е чин за чистење. Дури во последните години започнаа многу кампањи за да ги научат луѓето да се воздржат од оваа навика, главно од санитарни причини. Градот Пекинг, особено, воведе такса од 50 јуани (околу 6,50 долари) за секој што ќе биде фатен како плука во јавноста пред Олимписките игри.

6. Невестата треба да плаче намерно една недела пред нејзината венчавка.

Овој антички обичај се следи во многу области на провинцијата Сечуан во југозападна Кина со векови, датира од периодот на завојуваните држави (475 пр.н.е. до 221 пр.н.е.). Приказната вели дека мајка плачела пред нозете на својата ќерка на крајот од нејзината венчавка, молејќи ја да не ја напушта. Денес, во области кои сè уште ја следат оваа практика, невестите се должни да плачат секој ден во текот на неделата, па дури и месецот пред нејзината венчавка.

7. Кинезите пијат врела топла вода.

Пиењето врела вода може да изгледа невозможно за некои луѓе, но Кинезите веруваат дека може да лекува секакви заболувања, од обична настинка до колера. Оваа традиција се враќа во четвртиот век пр.н.е. кога луѓето мислеле дека со пиење топла вода, јинг (добри) и јанг (лоши) елементи на телото ќе станат балансирани. Во случај јанг-елементите да превземат, човечкото тело би било подложно на болести и настинки. Во денешно време, топла вода може да се најде во повеќето комунални простори, како што се железничките станици и аеродромите.

8. Оставањето малку храна на нивната чинија е добар знак.

Во многу земји, како Индија и Јапонија, оставањето недовршена храна на вашата чинија може да значи дека не сте уживале во вашиот оброк. Во Кина, истата постапка значи дека сте сè уште гладни и вашиот домаќин не ви понудил доволно храна. Сепак, во 2020 година, земјата ја започна кампањата „Чиста чинија“ во обид да го намали отпадот од храна откако претседателот утврди дека количините храна што биле фрлени се шокантни.

9. Многу е вообичаено луѓето да носат пижами на јавно место.

Пижамите што ги носи западниот свет за првпат се појавија во Кина во дваесеттиот век и беа доста скапи за да се набават. Само богатите луѓе можеа да си ги дозволат и да ги носат на јавно место и тоа беше начин да го покажат своето богатство. Дури и во денешно време, кога скоро секој може да си дозволи пижами, носењето надвор од нечиј дом е прашање на висок статус. Тоа едноставно значи дека некој не мора да работи.

10. Жените „Јао“ ја кратат косата само еднаш во животот

Хуанглу Јао е живописно кинеско село скриено во природата каде што живеат жителите Јао. Селото има само 600 жители од 78 различни семејства. Тука жените ги кратат своите коси само еднаш во животот и истите изгледаат прекрасно здрави. Причината за тоа е смеса направена од ферментирана оризова вода помешана со кожи од помело и масло од чајно семе со која ја мијат косата после миење.