10 работи кои малкумина ги знаат за легендарниот рок-пејач, Џон Бон Џови, кој денес го слави својот роденден

Џон Бон Џови е роден на 2-ри март 1962 година и денес го слави својот 59-ти роденден. Иако е на прагот на шестата деценија од животот тој е многу активна личност од секој аспект. Доколку мислевте дека тој е смао уште една „рок ѕвезда“ која размислува само за дрога и алкохол тогаш многу грешите. Бон Џови во многу наврати покажал дека неговата уникатност како ѕвезда се состои од тоа што е „обичен“.

10. Татко му на Бон Џови е од Сицилија, а исто така има и словачко, германско и руско потекло.

9. По успехот кон крајот на 80-тите години тој учестувал во изработка на албумот на Шер.

8. За време на турнејата „Slippery When Wet Tour“ во 1987 година гласните жици му биле повредени и примил инекции со стероиди за да продолжи со настапите.

7. Тој е во брак со љубовта од средно училиште, Дороти Хурли со која се венчал тајно во Лас Вегас во 1989 година.

6. Во 2001 година стекнал почесен докторат по хуманистички науки од Универзитетот во Њу Џерси.

5. Во 2006 година, ја основал организацијата Jon Bon Jovi Soul Foundation, организација посветена на помагање на семејства кои се мачат да преживеат.

4. Кратењето на неговата коса во 90-тите била толку голема вест што и CNN известувале за тоа.

3. ‘You Give Love a Bad Name’ е неговиот најголем хит, а за малку ќе го продале на бенд од Канада наречен Lover Boy.

2. Бон Џови има четири деца – Стефани Роуз, 25, Џеси Џејмс Луис, 23, Џејкоб Харли, 16 и Ромео Џон, 14.

1. Тој поседува 2 ресторани каде луѓето без многу ресурси можат да уживаат во храна без да плаќаат. Тој исто така во слободно време помага во кујната и медиумите дознале за тоа дури по неколку години.