10 работи кои мажите ги прават различно од жените

1. Прекари:

– Ако Ана, Катерина и Валентина излезат на ручек заедно, тие ќе се викаат Ане, Кате и Вале.
– Ако Михаил, Димитар и Иван излезат на пиво заедно, тие ќе се викаат Дебел, Пијаница и Глуп.

2. Пари

– Мажот ќе плати 1000 денари за нешто што чини 500 денари и му треба.
– Жената ќе плати 500 денари, за нешто што чини 1000 и не ѝ треба, но е на попуст.

3. Бања:

– Мажот во својата бања има 6 предмети – четка за заби, паста за заби, брич, шампон, сапун и пешкир.
– Просечниот број на предмети во женската бања е 337. Ниту еден маж не може правилно да идентификува повеќе од 20 од нив.

4. Кавги:

– Жената го има последниот збор во секоја кавга.
– Сè што мажот ќе каже од тогаш па натаму е причина за нова кавга.

5. Иднина:

– Жената се грижи за иднината, сè додека не си најде маж.
– Мажот не се грижи за иднината, сè додека не си најде жена.

6. Успех:

– Успешен маж е оној кој заработува повеќе пари отколку што може да потроши неговата жена.
– Успешната жена веќе си нашла таков маж.

7. Брак:

– Жената се мажи со надеж дека тој ќе се промени, но тој не се менува.
– Мажот се жени со надеж дека таа нема да се промени, но таа се менува.

8. Убава облека:

– Жената ќе се облече во убава облека за да оди на пазар, за да ја наводени градината, за да одговори на телефон, за да прочита книга, дури и за да го исфрли ѓубрето.
– Мажот ќе се облече убаво само за свадба и за погреб.

9. Будење:

– Мажите се будат толку убави колку што легнуваат во кревет.
– Жените секогаш деградираат за време на ноќта.

10. Деца:

– Жената знае сè за своите деца – кога се на забар, во кого се заљубени, кои се нивните најдобри пријатели, што сакаат да јадат, од што се плашат и за што сонуваат.
– Мажот има општа претстава дека во неговата куќа живеат некои ниски луѓе.

Бонус:

– Женетиот маж треба да ги заборави сите свои грешки. Нема смисла двајца да паметат едно исто.