10 работи што никогаш не треба да ги правите во Шпанија

За да не се изгубите во преводот, да се нервирате или разочарате, погледнете ги културните разлики пред да одите во Шпанија.

Не очекувајте точност

Шпанците се повеќе слични на нас отколку Германците кога станува збор за точност, но сепак се подобри од нас со задоцнување. Нивниот пристап за пристигнување на време е растеглив, па ако случајно ве поканат на забава, никој нема да се налути ако доцните 15 минути, или уште подобро – половина час. Но, ако пристигнете на време, очекувајте да бидете првиот гостин.

Не се надевајте дека продавниците ќе се отворени околу пладне

Повеќето помали продавници се отвораат наутро за да направат пауза околу ручекот и да започнат со работа повторно попладне. Часовите се разликуваат, но генерално може да ја бакнете вратата од 2 до 3 часот попладне. Затоа, најбезбедно е да се направи она што треба да се направи наутро.

Не заборавајте на клучните зборови на шпански јазик

Списокот на корисни изрази вклучува честитки како што се хола (здраво), потоа грасијас (благодарам) и порфавор (ве молам), но и зборови што ќе ви помогнат да ја откриете нивната одлична кујна – copa de vino tinto / blanco (чаша црвено / бело вино), jarra de sangría (бокал со сангрија) или тапас (мали закуски).

Немојте да се изненадите ако некој ве бакне

Од ракувањето, до бакнежот на двата образа, Шпанците се поздравуваат поинтимно од многу други европски нации.

Не им се чудете на луѓето во кафичите

Во Шпанија, исто како и во Германија, не е невообичаено да се пие пред пладне.

Не одбивајте бесплатна храна

Во многу шпански барови со пијалок ќе добиете мали закуски – предјадења, како што се тапас, маслинки, сирење или мини сендвичи. Тие се најчесто бесплатни и не треба да ги одбивате.

Не очекувајте рана вечера

Вечера пред 8:30 часот? Нема шанси. Шпанците јадат доцна, а повеќето ресторани дури и не се отвораат за вечера пред тоа време. Ако барате жива атмосфера, не резервирајте маса пред девет навечер.

Немојте да мислите дека англискиот јазик секогаш поминува

Шпанците честопати ќе речат дека зборуваат англиски, но штом еднаш се обидете да комуницирате со нив, можеби ќе бидете изненадени. Тие често ги знаат само основните фрази, но со повеќето не можете да разговарате на англиски јазик.

Не носете костим за капење надвор од плажа

Шпанците не шетаат со апостолки и костими за капење на друго место, освен на плажите, па ако сакате да се вклопите, облечете се пред да стапнете на асфалтот. Ова ќе избегне непријатни ситуации.

Не оставајте преголем бакшиш

Шпанците генерално не очекуваат бакшиш, но ако услугата или храната ве собори од нозе, слободно оставете им од 5 до 10 проценти од сметката. Како по правило – колку е помалку формално местото, толку е помала потребата од бакшиш.