10 славни двојки со голема разлика во години кои ги „разгореа“ социјалните мрежи
Холивуд одамна е место каде што цветаат неконвенционални љубовни приказни, а една од најкоментираните теми се паровите со голема возрасна разлика. Додека некои веруваат дека љубовта нема граници, овие врски често предизвикуваат дебати. Еве кои познати холивудски парови влегоа во насловите поради нивната разлика во години.
1. Џеф Голдблум и Емили Ливингстон — 30 години
Гимнастичарката и ѕвездата на Jurassic World Dominion се запознале во 2011 година. Во јули 2014 се свршиле, а се венчале на 8 ноември истата година во прочуениот хотел Chateau Marmont во Лос Анџелес. За Ливингстон тоа било прво, а за Голдблум трет брак. Денес имаат две деца заедно.
2. Харисон Форд и Калиста Флокхарт — 22 години
Се запознале на доделувањето на Златните глобуси во 2002 година, кога Форд имал 60, а Флокхарт 38 години. По 7 и пол години врска, Харисон ѝ предложил брак на Денот на вљубените во 2009. Се венчале истата година во Санта Фе, Њу Мексико, и заедно посвоиле дете.
3. Сем Тејлор-Џонсон и Арон Тејлор-Џонсон — 23 години
Во 2009, Сем и Арон објавиле свршувачка и покрај разликата од 23 години. Се запознале за време на снимањето на Nowhere Boy, каде Сем била режисерка. Арон во интервју за Men’s Health изјавил: „Таа има млада, убава душа – никогаш не би претпоставиле колку години има.“
4. Хилари Бартон и Џефри Дин Морган — 16 години
Ѕвездата на One Tree Hill, Хилари Бартон, и актерот од The Walking Dead, Џефри Дин Морган, биле запознаени преку заеднички пријател во 2009. Имаат две деца – син роден во 2010 и ќерка во 2018. По десет години заедно, се венчале во интимна церемонија во октомври 2019.
5. Стивен Тајлер и Ејми Престон — 39 години
Легендата од Aerosmith, Стивен Тајлер, е во врска со Ејми Престон, поранешна негова лична асистентка. Се појавија јавно како пар во 2016 година. Интересен факт – Престон порано работела и за Викторија Бекам.
6. Николас Кејџ и Рико Шибата — 31 година
Актерот ја запознал својата петта сопруга во Јапонија, а врската ја објавиле во јануари 2020. Николас ѝ предложил брак преку видео повик и ѝ го испратил прстенот по Федекс. Се венчале во Лас Вегас на 16 февруари 2021. Во септември 2022, ја добија ќерката Август Франческа.
7. Рони Вуд и Сали Хамфрис — 31 година
Гитаристот на The Rolling Stones, Рони Вуд, се оженил со Сали Хамфрис во 2012. Таа е 31 година помлада од него. Пред самиот 69-ти роденден на Вуд, парот доби близначки. Сали еднаш изјавила: „Би било полесно без таа разлика, но можеби јас сум постара од своите години, а тој помлад во душата.“
8. Џон Стамос и Кејтлин Мекхју — 23 години
Џон и Кејтлин се запознале во 2015 за време на снимање на Law & Order: SVU. Стамос ја запросил во нејзиниот омилен парк – Дизниленд. Во 2018 добија син по име Били. Стамос напиша: „Од сега, најдобриот дел од мене се мојата сопруга и мојот син.“
9. Џорџ Клуни и Амал Клуни — 17 години
Љубовта меѓу Џорџ и Амал започнала во 2013. Џорџ во едно интервју рекол: „Мислев дека е убава, духовита и, секако, неверојатно паметна.“ Додал и шеговито: „Таа веројатно помисли дека сум стар.“ Се венчале во 2014 и денес се родители на близнаци – Александар и Ела.
10. Мел Гибсон и Розалинд Рос — 35 години
Мел и Розалинд се заедно од 2014 и имаат едно дете. Иако често се тема на критики поради возрасната разлика, Гибсон изјавил: „Возрастa е само број. Таа е возрасна личност и супер ни е заедно. Секако, има одредена неизвесност, но досега одлично функционира. Таа е навистина посебна личност.“
Коментирај анонимно