10 Сличности и разлики објаснети на Мотика начин

– Која е разликата помеѓу работникот и службеникот?
– Откако службеникот ќе го користи тоалетот си ги мие рацете, а работникот си ги мие рацете пред да го користи тоалетот.

– – – – – – –

– Која е сличноста помеѓу жената и автомобилот?
– И двете тешко се движат кога ќе им се пробуши гумата!

– – – – – – –

– Што е заедничко помеѓу сексот и бриџот?
– Ако немаш добар партнер, барем да имаш добра рака.

– – – – – – –

– По што се слични телевизиската водителка и жената возач?
– Ти ја гледаш неа, а таа тебе не!

– – – – – – –

– По што се разликува сопругот од свршеникот?
– Наместо цвеќе… купува зеленчук!

– – – – – – –

– Што е заедничко помеѓу пратениците и пелените?
– Се менуваат од иста причина.

– – – – – – –

– По што се слични проститутката и сообраќајниот полицаец?
– И двајцата те „работат“ професионално!

– – – – – – –

– По што се слични жената и грипот?
– И двете можат да се поминат на нозе, но подобро е во кревет!

– – – – – – –

– Што е заедничко помеѓу интернетот и плавушите?
– Имаат многу корисници.

– – – – – – –

– Која е разликата помеѓу авион и тоалет?
– Во авион седнуваш за да леташ, а во тоалетат леташ за да седнеш.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *